Финале пред финале - Надал набрзина го „тресна“ Квери и закажа дуел со Федерер

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на Вимблдон, откако набрзина го реши Сем Квери со 3-0, односно 7-5, 6-2 и 6-2 по два часа игра и закажа спектакуларно полуфинале против Роџер Федерер.

Надал доминираше против Американецот, кој во ниту еден момент не можеше да му парира на Шпанецот. Надал во полуфинале ќе се пресмета против Федерер, па навивачите ги очекува уште еден спектакуларен натпревар меѓу двајцата легендарни тенисери.

Во второто полуфинале, Новак Ѓоковиќ ќе се бори против Баутиста-Агут, кој го надигра Гуидо Пела со 3-1 во сетови.

Коментари

Популарно