ВИДЕО: Српската Ким Кардашијан и Пол Џорџ уживаат на летување со српските хитови

Даниела Рајиќ, која поради нејзините облини ја нарекуваат српската Ким Кардашијан, и нејзиниот партнер, еден од најдобрите играчи на НБА лигата Пол Џорџ, уживаат на летување во Грција со српски хитови.

Атрактивната бринета на Инстаграм споделила повеќе снимки од одморот каде што се гледа и новиот играч на Анџелес Клиперс кој ги “подучува“ српските песни.

На едно видео може да се слушне во позадина хитот на Цеца “Метар одавде“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Daniela Rajic (@danielarajic) on

Даниела и Пол се во долгогодишна врска, а нивната љубовна приказна била проследена и со скандали.

Даниела, поради сличноста со популарната старлета и бујните облини ја нарекуваат Ким Кардашиан. Даниела, инаку поранешна стриптизерка во 2014-та година ја родила ќерката Оливија, но Пол тврдел дека таа не е негова ќерка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Daniela Rajic (@danielarajic) on

ДНК анализата го покажала спротивното, а набрзо потоа двајцата се тужеле меѓусебно. Таа него го обвинила дека ѝ нудел милиони долари за абортус, а тој за старателство над детето.

Сепак нивните односи во 2017-та година се подобриле и тие добиле и второ дете. Оттогаш нивната врска изгледа како идила.

Коментари

Популарно