Според народните верувања денот на раѓање открива „важни“ работи за вашиот живот, еве што открива ТОЈ.
Понеделник
Понеделник е прв ден во неделата и се смета за најсреќен. Се вели дека детето кое ќе се роди во понеделник ќе има долг и успешен живот. Со овој ден почнува нова недела, а според верувањата овој де е идеален за почнување на било каква работа. Господ го почнал создавањето на светот во понеделник, па токму затоа е добро човек да започне важни работи токму на тој ден.
 - Copy 16.jpg)
Вторник
Вториот ден во неделата се смеат за најнесреќен ден па затоа луѓето родени во тој ден нема да имаат лесен живот. Во вторник , според верувањата и волците го чуваат крзното повеќе од другите денови. На овој ден не чини да се започнува било каква работа, бидејќи е баксузен, па и работата ќе оди на лошо и нема добро да се заврши.
Среда
На овој ден може да се започнат работите и да се тргне на пат. Се верува дека бебињата родени на овој ден ќе бидат напредни и здрави. Дете кое ќе прооди во среда ќе биде среќно и богато.
Четврток
За четврток се вели дека е среќен ден. Дете кое ќе се роди на овој ден ќе биде среќно и успешно во животот. На овој ден во минатото се започнувале работите во полињата, а било добро и да се оди да се побара рака на саканата. Се верува дека работите во полето и браковите треба да бидат склопени во четврток за кој се верува дека е ден на плодност и изобилство.
Петок
Петок, според народните верувања, е еден од несреќните денови. Се верува дека во петок најлесно може да станете цел на “демонски сили“ и затоа на овој ден не треба да се започнува со никаква работа бидејќи ќе еве следи малер. На овој ден не треба да се оди на пат, а детето родено на овој ден според верувањата нема да има многу среќа во животот.
Сабота
Сабота е ден најчесто посветен на мртвите. На овој ден човек треба да биде внимателен да не му се случи некакво зло. Дете родено во сабота ќе биде необично но токму затоа е биде имуно на “лоши суштества“. Се вели дека родените на овој ден имаат изразена интуиција, видовити се и може да видат она што другите не можат. Во многу верувања се спомнува дека токму децата родени во сабота имаат способност да откријат закопано благо и станата богати и успешни луѓе.
Недела
Недела е ден за одмор. Господ, според христијанските верувања шест дена го создавал светот и тогаш седмиот – недела, седнал да се одмори ужива во плодовите на неговата работа. Поради тоа во народот постојат многу верувања врзани за овој ден, а кои се однесуваат на одмор и поминување на времето со семејството. Човек роден во недела ќе биде исклучително среќен, се верува дека ќе живее во изобилство и нема многу физички да работи.