На ова место за ноќевање треба да издвоите „мало богатство“

Авантуристи со подлабоки џебови кои бараат зимска авантура би можеле да сметаат на луксузен престој на Северниот Пол.

Станува збор за хотелско сместување во форма на игало, кое ќе биде достапно во април 2020 година. Во понудата ќе има десет игала, секој со стаклени покриви за да им овозможи на посетителите да ја набљудуваат чудесната поларна светлина од удобноста на  своето топло игало , иако надвор температурите достигнуваат до минус 45 степени. 

"Сакав да создадам поудобен начин да го доживеам Северен Пол и ја добив идејата за удобно сместување во екстремни временски услови. Ние нудиме сè од опрема, вие треба  само духот на истражувач или научник", рече Janne Honkanen, , основач и директор на Luxury Action. 

Ноќевањето чини 83.000 фунти, а гостите добиваат луксузно сместување, бања, водич за опстанок во дивина, готвач и врвна безбедност. Во екстремно време, колибите можат лесно да се преместуваат.

Во цената се вклучени и две ноќевања во Свалбард, Норвешка пред поаѓањето за Северен Пол, превоз, оброци, патувања и многу повеќе.

Коментари

Популарно