Емил Павлов шампион на Премиер лигата во Москва

Македонскиот каратист Емил Павлов успеа да слави во финалето на силната Премиерлига во Москва. Тој  беше подобар и со 3-1 го победи Ерај Самдан од Турција.

Македонскиот каратис во полуфиналето ги совлада и актуелниот светски шампион Крешенцо од Италија со 1-0, во четвртфиналето поранешниот светски првак Бросе од Бразил со 2-0, во осминафиналето шампионот на европските игри во Минск Калнинс од Летонија со 5-3.

Импресивно е тоа што на патот до големиот успех македонскиот претставник успеа да запише пет победи, меѓу кои и две против двајца светски шампиони, а притоа се бореше и со скршеница на раката.

За потсетување, резултатите во Премиерлигата за карате се бодуваат за настапот на Летните Олимписки Игри во Токио следната година.

Коментари

Популарно