Рускоска: Имаше интерес кај некои за спогодба

Вечерва во својата изјава за медиумите од страна на обвинителката Вилма Рускоска од обвинителството за организиран криминал и корупција беше откриено дека еден од осомничените од првиот дел од истрагата за „Рекет" се понудил да се спогоди и да сведочи, меѓутоа тоа не се случило, пренесува Фокус.

-Вештачењата кои беа направени последни донесоа важни докази. Имаше интерес кај некои од осмничените за спогодба, не се поднесе званично барање, но побараа спогодба. Ќе видиме што ќе биде. Еден осомничен побара спогодба за обвинението кое ќе биде поднесено утре, рече Русковска.

За пратеничката Фросина Ременски, како и за другите осомничени во проширената истрага од предметот Рекет, рекла дека се барани само мерки за претпазливост: одземање на пасош, забрана за напуштање на престојувалиште, и еднаш неделно да се јавуваат во судот. Најави дека другите осомничени утре ќе дојдат да дадат исказ во судот.

Таа кажа дека документите од истрагата за „Рекет“ кои протекоа во јавноста, не се излезени од Обвинителството.

-Одговорно тврдам дека документите објавени од истрагата за Рекет не се излезени од Обвинителството. Може да се види дека оние документи кои протекоа се копии, а во Обвинителството ги има само оргиналите. Обвинителството доставува копии до Судот, рече Русковска.

Јасна Мандиќ, која е потпретседател на хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“ и една од новоосомничените во проширената истрага за Рекет денеска беше донесена во Кривичниот суд да даде исказ за предметот Рекет. За неа обвинителството бара мерка притвор.

Коментари

Популарно