Селена Гомез до неодамна беше „најследана“ личност на Инстаграм се додека минатата година не ја „прегази“ Кристијано Роналдо, а потоа и оваа година од Ариана Гранде.
Една од причините за нејзиниот пад на популарноста е тоа што пејачката повеќе пати земаше „одмор“ од социјалните мрежи, а деновиве објавува многу ретко. Новата фотографија што ја објавила за краток рок, собрала над 6 милиони лајкови и десетици илјади коментари додека позирала без нијанса на шминка и гордо ги покажа мозолчињата.
„Јас цело време работам“, напиша Селена во селфи описот, на која лежеше покриено во ќебе и со разбушавена коса.
Многу нејзини обожаватели заклучиле дека пејачката на фотографијата изгледа тажна и дека причина за тоа е венчавката на нејзината поранешна љубов на Џастин Бибер со Хејли Болдвин. Затоа Селена во коментарите доби поддршка од своите обожаватели, но и доби многу комплименти на сметка на природната убавина.

Селена Гомез без шминка, обожавателите мислат дека е тажна за својот екс ФОТО
Селена Гомез одамна е најгледана личност на Инстаграм се додека минатата година не ја прегази Кристијано Роналдо, а потоа и оваа година од Ариана Гранде