ВИДЕО: Невнимателен крадец погинал среде грабеж

Крадец (37) од Русија загинал на лице место додека го ставал импровизираниот експлозив на банкомат обидувајќи се да го ограби а безбедносната камера ја снимила ненадејната детонација.

Полицијата најпрво соопшти дека неидентификуван човек починал кога експлозив го разнесе него наместо банкоматот за кој бил наменет. Инспекторите подоцна започнале потрагата по соучесник кој избегал. При тоа од банкоматот не недостасувало ниту една пара.

„Се слушна експлозија и звук на искршено стакло“, изјави жена, која живее во зградата каде што се случи експлозија, додавајќи дека мислела оти целиот објект ќе се распадне.

Ударот бил толку силен што тешката метална врата на влезот во просторијата од страната на банкомат летнала околу 10 метри.

Коментари

Популарно