Славната глумица направи „збрка“ на Инстаграм

Холивудската актерка Џенифер Анистон долго време се спротивставуваше на отворањето на профил на Инстаграм. Сепак, пред два дена, таа отвори профил на оваа социјална мрежа и за само неколку часа, актерката започнаа да ја следеат милиони луѓе.

Бидејќи нејзиното приклучување на оваа социјална мрежа привлече големо внимание во јавноста, медиумите почнаа да ја „шпионираат“, истакнувајќи дека Џенифер започнала да го „следи“  нејзиниот поранешен сопруг Justin Theroux, кој сè уште не  возвратил на  нејзиното „следење“. Џ

Џенифер во моментот следи 120 луѓе, а го објави своето прво кратко видео.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

I swear I didn’t mean to break it... Thank you guys for the kind, glitchy welcome ❤️

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

Се колнам дека не сакав да го урнам. Луѓе, благодарам за вашето љубезно добредојде“, напиша Џенифер. 

Актерката во моментов е  следена од 11 милиони луѓе, а нејзината прва фотографија со колегите од „Пријатели“ собра 12 милиони лајкови.

Коментари

Популарно