Широк Сокак обоен во розево - марш за кревање на свеста во битката против ракот на дојка

Иако во последниoт период подигната е свеста кај жените за превентивни прегледи за рано откривање на рак на дојка, сепак стравот кај повеќето се уште постои.

-Во последно време, последните неколку години како да се подига свеста кај луѓето дека треба да интервенираат и да се превенира за оваа болест. Во Битола е донесен и нов апарат за ехо на дојка, ќе можат сите да вршат сите прегледи на нова апаратура, која подолго време ја немаше. Генерално се плашат, не знам зошто, но стравот не треба да биде пресуден за една жена да оди да си прави редовни прегледи, изјави Анета Димитриевска, претседател на здружение „Јасмин“ од Битола.

Затоа, за да ги поттикнат се почесто да одат на превентивните прегледи, денеска битолски Широк Сокак беше обоен во розово, а голем број граѓани дојдоа да го поддржат маршот за борба против ракот на дојка.

-Поттик за превентивни прегледи за рак на дојка кај жените бидејќи сепак октомври е месец на борбата против ракот на дојка, тоа беше мотивот и нашиот хуман порив кој двете организации го имаме, изјави Јулијана Наумовска, претседател на здружението „Златно перо“ - Битола.

Оние кои успеале да се изборат со болеста потенцираат колку е важно раното откривање.

-Младата популација што повеќе да ги извршува тие контроли, да се спречи колку што може, самите ние докажавме дека со самото рано откривање, болеста е излечива, изјави Александра Илиевска, потпретседател на здружението „Јасмин“ од Битола.

Инаку според последните статистики, бројката на заболени од сите видови канцер во Битола е над 2000.

Коментари

Популарно