ФОТО: Се појавија фотографии од скршената нога на Андре Гомеш

Фудбалскиот свет остана шокиран по тешката повреда на Андре Гомеш на завчерашниот натпревар помеѓу екипите на Евертон и Тотенхем.

Португалецот настрада по еден старт на Сон, а на неговата нога налета и Орие по што следеше тешка скршеница на глуждот. Стапалото му се сврти, а на „Гудисон“ сите останаа занемени.

Сега излегоа наводни фотографии од ногата на Гомеш откако му била извадена копачката. Истите се вознемирувачки и не се за оние со слаб желудник.

Инаку од Евертон потврдија дека Андре Гомеш долго ќе се опоравува од тешката повреда заработена на вчерашниот дуел со Тотенхем, но дека хируршкиот зафат врз поранешниот фудбалер на Барселона и Валенсија минал во најдобар ред.

„Можеме да потврдиме дека Андре Гомеш беше опериран по фрактурата на зглобот на десната нога, хируршкиот зафат мина исклучително добро. Андре сега ќе мине уште извесно време во болница, за нешто подоцна да почне со рехабилитациска програма под надзор на клупските лекари. Се очекува тој целосно да ја надмине повредата“ – објави клубот од „Гудисон парк“.

Коментари

Популарно