Видео: Брена не издржа и го удри новинарот

Лепа Брена реагираше бурно кога слушна новинарско прашање на кое очигледно не сакаше да одговори.

Имено, за време на снимањето на шоуто „Прес претрес“, што се одвиваше во станот каде престојуваше Лепа Брена, новинарот и поставуваше  серија прашања на кои  таа одговораше.

Меѓутоа едно прашање предизвика општ хаос.

Новинарот и постави прашање за еден маж од младоста, а Брена  се развика:  „Дали ти реков да не ме прашуваш за тоа?“  И му удри шлаканица.

Се разбира, ова е шега за која  беше потребно многу време  да се  наговори Лепа Брена.

На крајот на краиштата, таа се согласи и се обиде да ја направи сцената реална.

Коментари

Популарно