Возачи пробајте - Одмрзнете ја шофершајбната за минута

Една од најлошите работи во студените месеци е чекањето да се одмрзне шофершајбната. Ако ја вклучите вентилацијата на одмрзнување, тоа може да потрае некое време и исто така да потрошите гориво.

За среќа има брз и ефикасен раствор.Едноставно измешајте 1/3 вода со 2/3 обичен медицински алкохол (седумдесетпроцентен).

Течноста сипете ја во шише со распрснувач и наутро испрскајте ја замрзнатата шофершајбна. Мразот треба да исчезне во истиот момент.

Ова решение е толку ефикасно бидејќи медицинскиот алкохол не замрзнува се додека не достигне температура од минус 53 Целзиусови степени.

Коментари

Популарно