Видео: Мајсторија на Пандев

Во денешниот натпревар екипата на Џенова водеше со 0-2 по првото полувреме на гостувањето кај Лече, а стрелец на првиот гол за гостите беше македонскиот репрезентативен капитен, Горан Пандев.

Пандев одлично ја искористи грешката на противничкиот голман Габриел, кој излезе од својот гол во обид да интервенира пред Пинамонти, но топката стигна само до Пандев кој од 40-тина метри погоди за водство на својот тим.

Во судиското продолжение од првиот дел Џенова поведе и со 0-2, а прецизен од белата точка беше Кришито.

Натпреварот заврши со нерешен  резултат   2:2.

Коментари

Популарно