Петар Пан во оргиналниот ракопис бил посебичен и по малку злобен лик

Петар Пан е на многу деца омилен лик. Тоа е момчето кое никогаш не може да порасне, кое ја убеди генерацијата деца дека “соништата се остваруваат доколку искрено го сакаме тоа“.

Меѓутоа, кога минатата недела бил објавен оригиналниот ракопис на Џејмс Метју Бари “Петар Пан и Венди“, откриена била мрачната страна на овој млад јунак.

Новото издание открива како Бари го прилагодува карактерот на својот јунак за да одговара на публиката од 1911-та година.

„Во оваа верзија, Петар е “посебичен“ и по малку “злобен“ отколку во верзијата која подоцна била отпечатена“ - вели Џесика Нелсон, уредник на новото издание.

Очигледно дека ваквиот опис повеќе одговара на крајот на книгата кога Петар Пан рамнодушно ѝ соопштува на Венди дека ја заборавил Ѕвончица. Потоа, ја носи ќерката на Венди во Недојдија, оставајќи ја Венди која очајно сака да појде со нив.

„Бари не се плашел да покаже дека и децата можат да бидат “злобни““ - вели уредничката.

Авторот го сменил и целото име Недојдија (Neverland - “никогаш достижна земја“). Првото име било Never Never Lend и тоа звучи помистериозно.

Бари првобитно сакал да ја нагласи разликата помеѓу светот на возрасните и светот на Петар Пан, смета Нелсон.

„Недојдија всушност е Никогаш Никогаш Достижна Земја, земјата во која возрасните ама баш никогаш не можата да стигнат“ - објаснува уредничката.

Насловот на книгата бил сменет во “Петар и Венди“ во печатеното издание од 1911-та година пред Венди да биде отфрлена од насловот.

Ова покажува колку на Бари му биле важни жените. Иако Венди не зазема значително место во верзијата на ракописот.

„Тој наслов ѝ дава улога на Венди дека ќе исчезне покрај харизматичниот Петар Пан“ - вели Нелсон.

Оригиналниот ракопис на оваа книга се чува во “Јавната библиотека во Њујорк“.

Коментари

Популарно