Актуелниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски имаше свое „обраќање “ на одбрана група жители во локална кафеана.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски објави видео на Фејсбук на кое се гледа како Наумоски понесен од атмосферата во некоја од скопските кафеани се фати за микрофонот и запеа „Поломичу чаше од кристала“.

Арсовски во неговата објава пишува јака им душа на жителите со ваков градоначалник.
„Градоначалникот на Ѓорче Петров на прав пат. После настапов не знаеме дали бил на прав пат и дали право возел, ама сигурно добро си поминал. Добар пример за посветен градоначалник во секој случај. Јака им душа на ѓорчевци..“ напиша Арсовски
Нејасно е кој е поводот и што прославува градоначалникот, дали се работи за приватна забава или пак Наумовски прославува тоа што „се е средено“ Општина Ѓорче Петров.