Гледачите завчера во 7:30 часот на екранот здогледале машки полов орган

Гледачите на популарната британска утринска емисија „Good Morning, Britain“ останале во шок кога на екранот здогледале машки полов орган.

„Боже, имајте малку почитување и здрав разум“ - се пожалиле гледачите на утринската програма.

Темата на емисијата било прашањето дали во основните училишта треба да се воведе сликање актови, а поради тоа во студиото бил присутен и еден “машки модел“ - целосно гол.

Додека водителите и нивните гости разговарале на таа тема отворено, една од уметниците го цртала мажот.

Во еден момент камерата го прикажала голиот човек одпозади, а гледачите на екранот го виделе машкиот полов орган на овој гол маж што веднаш ги разбеснило.

„Голем срам е да го гледаш ова во 7:40 наутро кога децата се подготвуваат за на училиште, пенис во утринска емисија“ - почнале да коментираат твитерџиите.

На дел од гледачите не им било јасно зошто воошто голиот маж бил присутен во студиото бидејќи очигледно било дека уметницата го црта само неговото лице. 

Коментари

Популарно