Емил Јакимовски - во полициска станица на распит

Како што објави ТВ Телма Емил Јакимовски во моментов се наоѓа во полициска станица на распит за заканите што изминатиот период ги упати кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, како и кон директорката и други вработени во Централниот регистар.

„Во моментов лицето се наоѓа во полициска станица во врска со случајот и се работи на расветлување на настаните“, велат од МВР.

Двете новинарки вчера го пријавија Јакимовски во полициска станица, но освен кон нив тој упатувал закани и кон директорката на Централниот регистар Марија Бошковска-Јанковски и вработени во институцијата.

Коментари

Популарно