Предлог за денешен ручек

Рендана компир пита

СОСТОЈКИ:

1,5 кг. компир

пола шолја пченкарно брашно

пола шолја бело брашно

пола шолја масло

пола прашок за пециво

2 јајца

сол и бибер

ПОДГОТОВКА:

Се мие, се лупи компирот и се ренда со ренде.

Се загрева рерна на 180 степени и се става да се загрее намастена тепсија.

Се соединуваат сите состојки во плехот и се рамнат, па се става да се пече 30 минути.

Се сече на коцки.

Супер е со јогурт и кисело млеко.

Коментари

Популарно