Предлог за денешен ручек

Проја со спанаќ…

СОСТОЈКИ:

170 гр пченкарно брашно

120 гр ориз

150 гр бело брашно

1 кесичка прашок за печиво

1 чаша масло

1 чаша млеко

1 чаша јогурт

3 јајца

150 гр издробено сирење

1 рака спанаќ

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте брашно, додајте прашок за печиво и сол. Додајте ги останатите состојки и добро измешајте сите состојки да се соединат. Ставете во плех обложен со хартија за печење.

Печете во претходно загреана рерна на 220 степени додека пројата не порумени.

Послужете со јогурт.

Коментари

Популарно