Ражничи од риба и компир
СОСТОЈКИ:
500 гр риба
1 лимон
700 гр компири
слатка пипер
маслиново масло
рузмарин
босилек
мајчина душица
оригано
бибер
сол
1 главица кромид исечкан на кругови
2 чешниња сечкан лук
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Рибата исечкајте ја на мали парчиња. Додајте ги сите зачини, малку сок од лимон, масло и добро измешајте. Оставете во маринада барем половина час покриено.
На дрвени стапчиња редете парчиња риба и кромид кој малку сте го посолиле.
Компирите исечкајте ги по желба, додајте зачин, бибер, слатка пипер и маслиново масло. Добро измешајте и ставете во намастен плех. Од горе наредете ражничи со риба. Печете на 220 степени околу 50-100 минути.