Предлог за денешен ручек

Потпечено селско месо во пире од компири  

Состојки

За селското месо 300 гр свинска кртина

300 гр пилешки гради

200 гр свежи печурки шампињони

сол и бибер по вкус

1/2 лажичка буковец

2 лажици брашно

1 лажичка црвен пипер свинска маст за пржење

2-3 лукчиња

За пире 120 гр инстант пире(компирови снегулки) 1/2 л вода 2 лажици путер 200 мл млеко 1 мала лажичка сол бибер по вкус 

Подготовка

1. Месото го сечкаме на коцки- залчиња. Го динстаме, па го запржуваме во свинска маст, зачинуваме со сол, бибер и буковец.

2. Го тргаме на страна, го ставаме во тавата во која ќе го печеме.

3. Во истото тавче запржуваме ситно насечкани печурки и нив ги додаваме кон месото.

4. На свинска маст (2-3 лажици) во истото тавче ставаме ситно насечкано лукче кратко да ни се запржи, додаваме брашно и црвен пипер, запржуваме и додаваме вода(околу ½ л). Нешто налик на бешамел треба да ни биде сосов.

5. Со сосов го залеваме месото и го ставаме во загреана рерна на 200 степени да се пече околу 45 минути.

6. Откако ќе се испече и испари водата го оставаме да излади па го подготвуваме инстант пирето.

7. Водата заедно со сол ја доведуваме до вриење, па го ставаме компировите снегулки, мешаме. Додаваме путер и млеко, соединуваме брзо со мешање, за да не ни се направат грутки. Откако е готово со него го залеваме селското месо.

8. Потпекуваме околу 10-15 минути на 180 степени. 

Коментари

Популарно