Евакуација во Сити Мол по дојава за бомба

Дојава за бомба ги вознемири купувачите во трговскиот центар Сити Мол во Скопје. Според информациите од МВР во 12:10 било пријавено дека во трговскиот центар има поставено бомба.

Екипи на единицата за антитероризам веќе се во трговскиот центар и вршат пребарување, а присутните купувачи и вработените итно биле евакуирани.

Истовремено, во трговскиот центар избил и пожар во една сендвичара, но од МВР велат дека веројатно двата настани немаат поврзаност. Наша екипа е на терен, наскоро очекуваме повеќе информации.

Коментари

Популарно