Tрансродна ѕвезда ќе биде водител/ка на „Песна на Евровизија 2020“ во Холандија

Сешто се случува на таа развиканата, мегапопуларна “Песна на Евровизија“. Па, така, во мај месец, во Ротердам, Холандија, низ фестивалот ќе нè води трансродната ѕвезда Ники Туторијалс. Тоа ѝ е уметничко име, инаку е позната јутјуберка и се вика Ники де Јагер. Таа на Инстаграм става и свои интересни фотографии со кои ги предизвика обожаватели.

Јутјуб ѕвездата, ќе сними и посебно видео на Јутјуб зад сцената со музичарите кои ќе се натпреваруваат на Евровизија во Ротердам, меѓу кои и македонскиот претставник Васил Гарванлиев од Струмица. Би било интересно да слушнеме што би кажал Васил за Ники како водител/ка на фестивалот? А, Ники е вредна, таа воедно и ќе известува од црвениот тепих за време на церемонијата, како и во сите три емисии што ќе бидат во живо. Нејзе прв ја поддржал минатогодишниот победник Данкан Лоренс, но сите не биле за тоа, бидејќи не им е јасно зошто некој што е трансроден да го води овој популарен фестивал? Ники не се тревожи поради ваквите коментари, таа си го гледа својот пат. Се занимава и со шминкање на популарните личности, а однеодамна признала јавно дека е трансродна.

Коментари

Популарно