Направи сам: СОВРШЕНСТВО во 5 чекори

Потребни реквизити:  Nescaffe 3 во 1;  добро друштво;  уште подобар муабет; инспирација; фотоапарат; шминки; вешта рака; добро расположение и желба за блескање!

Еве доказ дека скапи стилисти, шминкери и фризери не ви се потребни за секојдневно да изгледате како излезени од модно списание.

Чекор 1: Се собирате пред излегување со другарките, ја пуштате омилената музика, кафе, цигара и сите пропратни ритуали. Во овој чекор најбитно е да имате никаква шминка на лицето.

Чекор 2: Ви почнува омилената песна, откачувате и сфаќате дека предобро се чувствувате. Ако така се чувствувате, зошто и така да не изгледате? Тука започнува делот со основата. Добро нанесена основа е пола завршена работа.

Чекор 3: Очите се огледало на душата. Затоа многу е важно правилно да ги истакнете за да ја пренесат вистинската порака.

Чекор 4: Ништо не може да ви го разубави денот како блескаво - заводлива насмевка. Ваша единствена „грижа“ е да ја изберете вистинската  боја и тука некаде сте ја завршиле работата.

Чекор 5: Сега се што ви останува е заедно со омиленото парче облека да ја „облечете“ и  вашата самодоверба. Спремни сте да освојувате!

Ви докажавме дека е можно во домашна атмосфера да направите да изгледате како филмска ѕвезда, нели?

ПРОБАЈТЕ ГО ОВА ДОМА ! :)

(непрофесионален)Модел: Антоанета

(непрофесионален)Шминкер: Наташа

(непрофесионален)Фотограф: Теодора

Текст: Марија

Коментари

Популарно