Атрактивната украинска Руслана денес има 46 години и сè уште активно се занимава со музика.
Во 2004 година, на Евровизискиот натпревар за песна во Истанбул го освои првото место ,со нејзината песна „"Wild Dances" Со оваа песна, како и препознатливата кореографија, ја освои Европа, а овој евровизиски хит сè уште се памети и денес.
Да потсетиме дека Жељко Јоксимовиќ го освои второто место на Евровизија со песната „Лане моје“.
Да се потсетиме на настапот на Руслана:
Таа е активна на социјалните медиуми, пред се на Инстаграм, па нејзините обожаватели имаат „информација“ за тоа како таа изгледа.
Многумина ја паметат од видео играта "Grand Theft Auto: IV“ каде се глуми себеси како диџеј на радио станицата Владивосток ФМ.