(ВИДЕО) Запознала дечко преку интернет, па на крај завршила во болница

Самара Наин го запозна Чарлс Харис преку апликација за запознавање, притоа немала поим дека нејзиниот „состанок“ ќе заврши фатално.

Девојчето отишло во станот на момчето, бидејќи не можеле да се сретнат во кафето заради вонредна состојба. Во моментот кога почнале да се бакнуваат, девојката почнало нешто да ја гуши.

Самара не знаела дека Харис јадел сендвич со путер од кикирики пред нејзиното пристигнување, а тој не знаел дека има тешка алергиска реакција на кикиритки.

„Целата уста почна да ми трне за време на бакнувањето, па веднаш ми се случи алергиска реакција. Бидејќи не јадев ништо со кикирики, мислев дека тој мора да јадел“, рече таа. Таа го прашала дали јадел кикиритки и тој потврдил. Кога сфатил дека е сериозна, таа му објасни како да и стави инекција. Потоа заедно отишле во брзата помош.

Обајцата опишаа сè на „Тикток“. Тие останале во болницата до 5,30 часот наутро, а Наин тврди дека таа била импресионирана од однесувањето на Харис.

@samarahnaien

How was your Saturday night ##fyp ##tinderchallenge ##foryoupage

♬ Moon (And It Went Like) - Kid Francescoli

Коментари

Популарно