Легендата на Ливерпул „удри“ по фудбалерите на Вотфорд

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и сегашен аналитичар за „Скај Спортс“, Џејми Карагер даде свое видување за односот на дел од фудбалерите на Вотфорд кои одбиваат да се вратат на тренинзи.

Меѓу нив предничи Трој Дини кој јавно призна дека не планира да се врати на тренинзите најмногу поради стравот дека ќе го зарази својот син кој има проблеми со дишењето.

Медиумите во Англија пренесоа дека половина од случаите кои вчера беа потврдени дека се позитивни со коронавирусот се токму од Вотфорд, но Карагер смета дека тренинг центрите во моментов се најсигурни места, па токму затоа добро е играчите да прифатат да се вратат на тренинзите.

– Дини зборуваше за своите грижи, најмногу за својот син, но и за тоа дека црните луѓе и азијатите се поризични групи. Но, сите одиме на бербер, во маркети и не знаеме кој веќе бил таму.

– Играчите со кои тренираат претходно се теситрани, па може да се каже дека тренинг центрите засега се посигурни од таквите места.

– Тренинг центирте се сигурни. Играчите кои се позитивни на вирусот го закачиле него од надвор. Би бил самоуверен доколку бев играч на Вотфорд, и би се вратил на тренинг знаејќи дека лицата кои имаат ковид- 19 се самоизолираат, -изјави Карагер.

Коментари

Популарно