Мислеле дека ја нема повеќе

Животното за кое се веруваше дека гонема повеќе, е снимено во национален парк на североистокот на Кина.

Снимката од ретката бела срна била направена на 5 април во текот на видео следењето на паркот, а експертитие подоцна потврдиле дека станува збор за уникатен примерок на животното.

Фенг Лимин, заменик директорот на центарот за истражување на сибирски тигари и леопарди, кажа дека срната со бела боја се појавува поради ретки генетски недостатоци.

Белата срна е екстремно ретко животно за кое многумина мислеа дека повеќе не постои, односно дека исчезнала. Последен пат била забележана во 1981 година и се смета за едно од најзагрозените животни.

Коментари

Популарно