(Видео) Полицаец запре автомобил и остана без зборови

Мислел дека зад воланот седи невнимателен возач, кој има потреба од некаква медицинска помош, по што решил да го запре возилото, а потоа полицаецот се изненадил.

Кога пријде на возилото, не можел да се изначуди кога дознал дека детето го земало автомобилот, а тоа му ја открило причината поради која тргнало да вози.

Детето на полицијата и открило дека оди во Калифорнија да купи Ламборгини затоа што родителите не сакале да му ја исполнат желбата.

Седнал во нивното возило па привлекол огромно внимание поради тоа што возел бавно во левата лента. Исто така, со себе за новата машина земал само три долари.

Коментари

Популарно