Клубовите во Русија кријат болни од Ковид-19 за да може да се игра фудбал

Фудбалот во Русија како да не знае за корона. Повеќето клубови од Премиер лигата имаат фудбалери кои се позитивни на Ковид 19, но ФС на Русија не ни помислува на откажување на првенството.

Топката во руската Прва лига се стркала минатиот викенд и веднаш, уште при првиот меч се виде идејата за солидарност. 

Ростов на тестирањето пред продолжението на сезоната објави 5 играчи болни од коронавирус, па поради тоа цел тим мораше во изолација.

Како ривал во 23 коло, Сочи не даде согласност за одлагање на мечот, па Ростов на терен испрати младинци и загуби со 10-1.

И големите московски клубови имаат проблеми со короната. Динамо Москва и УФА пријавија дека имаат играчи од првиот тим заразени со Ковид 19.

Сепак, претседателот на ФСР, Александар Дјуков вели дека лигата ќе се заврши, а клубовите се виновни што дозволиле играчите да се заразат.

Локалните медиуми тврдат дека многу клубови кријат дека има случаи со корона во нивните редови за да не мора да испратат младинци на теренот.

Русија по бројот на дневно заболени моментно е прв во светот (6.800).

Само вчера од опасниот вирус во Русија починале 176 луѓе.

Коментари

Популарно