Ладна пилешка салата

Вкусна салта со пилешко – идеален летен оброк.

СОСТОЈКИ:

400 гр пилешки гради

1 главица зелена салата

300 гр домати

200 гр фета сирење

пченка

сок од лимон

маслиново масло

сол

бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

На тава со масло пропржете пилешко тенко исечкано на ленти додека не поприми еднолика боја од сите страни. Фета сирењето исечкајте го на коцки, доматите на парчиња, а зелената салата исечкајте ја на помали парчиња.

Измешајте пилешко и сите состојки за салата и зачинете со маслиново масло и со сок од лимон.

Извор: Готви.мк

Коментари

Популарно