Најхрабрите туристи ќе добијат можност за прошетка во вселената

Роскосмос најави дека до 2023 година на вселенските туристи ќе им биде овозможено да излезат од Меѓународната вселенска станица и во придружба на професионални астронаути да прошетаат на отворено.

Досега на Меѓународната вселенска станица како туристи стигнаа седум асторнаути аматери, а еден од нив патуваше двапати. Последниот вселенски турист беше ко-основач на „Циркус Сонце“, Гај Лалиберте, кој патуваше во 2009 година.

Вселенската агенција најави дека нови два астронаути аматери ја посетиле вселенската лабораторија пред крајот на 2021 година, но тие нема да имаат шанса да излезат во вселенска прошетка.

Цената на ова патување кое ќе опфати и вселенска прошетка уште не е потврдено. Во најава не се споменуваат ниту како туристите ќе се облечат за ова патување.

Коментари

Популарно