Лесен оброк кој ќе ве засити

Ви донесуваме одличен рецепт едноставно летно јадење…

СОСТОЈКИ:

400 гр тиквици

4 лажици рендан пармезан

1 чешне лук

100 гр леб, само средината

50 мл млеко

1 јајце

2 лажици маслиново масло

прстофат-два сол

малку бибер

4-5 лажици лебни трошки

масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измијте ги тиквиците, исушете ги и исечкајте ги на мали коцки.

Загрејте тава, додајте маслиново масло, па малку пропржете издробен лук.

Додајте тиквици и динстајте околу 10 минути. Изладете.

Потопете го лебот во млеко па исцедете. Измешајте јајце со рендано сирење, додајте средина од леб, маслиново масло, сол, бибер и тиквици и добро измешајте. Ако смесата ви е леплива и мека, додајте некоја лажица лебни трошки.

Обликувајте полпети, извалкајте ги во лебни трошки, па ставете ги во фрижидер на половина час.

Испржете ги полпетите на загреано масло во длабока тава и послужете.

Извор: Готви.мк

Коментари

Популарно