(Видео) Хрват присвои плажа, па со лопата почна да брка туристи!

Неколку метри од една плажа во Хрватска, сопственик на апартмани присвоил дел од брегот и морето. Освен што купил мегафон за да ги избрка луѓето, вчера и со лопата тргнал кон нив.

Секојпат кога некој ќе се приближи на „неговата плажа“, тој почнува да вика, да пцуе и да брка луѓе. Денеска зема лопата и тргна со неа кон туристите, навредуваше и се фати за половиот орган.

„Ми изгледа како сопственик на апартмани. Минатата година имаше нудисти, па ги бркаше луѓето со тврдење дека дошле да ги гледаат неговите гости, меѓутоа плажата не е нудистичка“, вели една жена.

Таа додаде дека туристот бил странец, само се бањал, па не знаел што се случува кога бесниот маж тргнал со лопата кон него.

Коментари

Популарно