(Фото) По Дуа Липа, сега и таа?! Албанска манекенка „пецкала“ возач од Србија

Албанската манекенка Лорена Халити се пофали на својот профил на Твитер дека во тек на возење со Убер на српски возач му пуштала албанска музика.

Тој се пожалил кај неговите работодавци на директна провокација од албанската манекенка и објасил дека тоа не било во ред од нејзина страна, зашто тој професионално и коректно се однесувал и си ја извршувал работата, додека таа по името и презимето препознала дека тој е Србин.

Како што пишува во жалбата, таа потоа објавила фотографија на Твитер и напишала „само што му пуштав албанска музика на српски возач“.

Секако ова ги запали српските медиуми, посебно јавноста, која ја осуди албанската пејачка за ваквиот провокативен потег.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Day 5❤️

A post shared by Lorena Haliti (@lorenahaliti) on

Коментари

Популарно