Поховани пилешки стапчиња

Поховани пилешки стапчиња

СОСТОЈКИ:

500 гр бело месо

200 гр презла

100 гр сусам

100 гр брашно

2 лажици сув зачин

1 лажичка бибер

4 јајца

2 рамни лажички сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исечкајте го белото месо на шницли. Исчукајте го, ставете сув зачин и бибер од двете страни и исечкајте на ленти со дебелина од 1,5-2 см и должина од 6-7 см. Извалкајте ги во брашно. Потоа разматете јајца и сол, па во друга чинија измешајте презла со сусам и сув зачин.

Во тава ставете доста масло и кога ќе се загрее додајте стапчиња кои сте ги извалкале во брашно, па во јајца и на крај во презла. Пржете додека не добијат златна боја.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“:

Коментари

Популарно