(Фото) Се сеќавате ли на Марија и Боба од „Жикина Династија“?

Во Србија веќе течат подготовките за продолжение на серијалот Жикина Династија“. Главните актери едвај чекаат да започне снимањето а едни од нив се и Риалда Кадриќ и Владимир Петровиќ.

Тие во филмот беа Марија и Боба кои лудо се сакаа. За жал двајцата веќе не се бават активно со глума но прифатија да ја повторат улогата која им го промени животот. Владимир денеска има маркетинг агенција и веќе е дедо, а Риалда е психолг.

Продолжение на Жикина Династија – Малиот Миша ќе покаже што научил од дедовците

„Луди години“ или познат како „Жикина Династија“ серијал со кој израснаа многу генерации на задоволство на многумина ќе добие ново продолжение.

Новото продолжение ќе биде 11 филм од серијалот, а во него наместо легендите Драгомир Бојаниќ-Гидра и Марко Торововиќ кои за жал не се помеѓу нас во главната улога ќе се појави нивниот внук Миша кој ќе го игра Никола Којо кој играше и во претходната постава.

Миша во новото продолжение има двајца синови од кои едниот е во „лудите години“ со кои тој ќе видиме како ќе се справи и дали ќе ги применува советите на дедовците.

Новиот дел се планира да биде своевидно рестартирање на серијалот чие последно продолжение е снимено 1992 година, а иако поминаа толку години, темите и хуморот имплементирани во филмовите се актуелни и денес.

Коментари

Популарно