Акцијата ја прекинале шокирани родители

Посетителите на главната градска плажа во Новиград, кај Задар во Хрватска, во петокот останале во шок кога млада двојка решила пред очите на сите да им се препушти на страстите. Младите љубовници не реагирале ни на децата ни на возрасните, се додека родителите не почнале да им приоѓаат.

- Зарем моравте на плажа, полна е со деца, им забележале дел од родителите, напоменувајќи дека ова е простор наменет за децата.

Акцијата траела десетина минути, по што запалените љубовници биле приморани да се „соземат“ и тоа дури откако околината почнала бурно да реагира, како што пренесуваат хрватските медиуми. 

Коментари

Популарно