(Видео) Повеќе од 300 делфини во „стампедо“

Преубава сцена доаѓа од Дејн Порт, Калифорнија. Станува збор за вистинско „стампедо“ од делфини, а се чини дека имало околу 300 единки.

Делфините се движеле прилично брзо, па повеќе време поминувале во воздух отколку во вода. Не се знае точната причина поради која се случува овој феномен, а некои од можните причини е бегање од предатори, потрага по храна или „состанок“ со друга група делфини.

Југот на Калифорнија е познат по тоа што таму има најголема густина на делфини по метар квадратен, а се проценува дека во регионот има околу 450.000. Ова може да се смета и за мала група, зашто досега биле видени групи од по 10.000 делфини.

Коментари

Популарно