Дневен Хороскоп

ОВЕН

Искористете го денот за комуникација со соработниците и воспоставување оптимални договори. Кога е љубовта во прашање, доста се грижите за една особа но поради несигурностите не можете да дојдете до проблемот во односот. Здравјето е солидно.

БИК

Обидете се да се воздржите од коментари поради избегнување на конфликт со надредена личност. И двата не сте подготвени за компромис. Денес е одличен ден за комуникација и блискост со партнерот. Внимавајте со студените напитоци.

БЛИЗНАЦИ

Невозни сте затоа што деловните планови не ви одат од рака и од некои ќе морате да се откажете. Немојте да го расипувате односот со партнерот поради љубомората. Кога е здравјето во прашање, репродуктивниот систем е загрозен.

РАК

Упорноста секогаш се исплати, а сега стигнува финансиска награда за вашиот вложен труд. На љубовно поле сте блокирани и самите забележувате дека немате успех во оваа област. Внимавајте на ненадејни повреди.

ЛАВ

Работата стагнира и сега ви е јасно како се чувствуваат губитнците. На деловно поле можни се убави работи кои ќе бидат поврзани со љубовта. Имате прилика да запознаете комуникативна и шармантна личност. Коскоболка ве мачи подолго време.

ДЕВИЦА

Во тек е неповолен ден за вашите финансии. Ве очекува непланиран трошок. Соработката со странците донесува нервоза. На емоционален план сте незадоволни, но неподготвени за промени. Зглобовите се прилично чувствителни.

ВАГА

Не сте задоволни со деловната ситуација. Состаноците нема да течат како што треба и ќе имате проблем да ги наметнете вашите идеи. Тврдоглави сте и се обидувате да му ги наметнете на вашиот партнер своите правила. Можни се проблеми со алергии.

ШКОРПИЈА

Проблемите на работното место ве прават несигурни и фрустрирани. Кога е љубовта во прашање, фантазирате за поранешниот партнер кој сте го идеализирале. Кога е здравјето во прашање, внимавајте на болки во коските и забите.

СТРЕЛЕЦ

Некое недоразбирање со колегите ви се заканува да ескалира до степен кога може да дојде до вербален конфликт. Незадоволни сте на љубовен план но и самите сте допринеле за ова стагнирање за кое можеби и сте несвесни. Можни се проблеми со крвотокот.

ЈАРЕЦ

На деловен план сте прилично дипломатски отворени и подготвени за соработка и компромиси. Емоциите ви се силни па поради љубомората можете да реагирате прилично бурно. Кога е здравјето во прашање, би ви годел одмор во природа.

ВОДОЛИЈА

Самоуверени сте и сметате дека вашите деловни планови се најдобри. Емоциите прилично ви работат и имате потреба да разговарате со другата страна за она што го чувствувате. На здравствено поле можни се минливи проблеми со бешиката.

РИБИ

Вредни сте и обрнувате внимание на секој деловен детал. Имате големи љубовни очекувања. Гледајте пда не направите непотребен проблем поради љубомората. Присутен е дизбаланс на хормони.

Порта.мк

Коментари

Популарно