Едноставна пита со месо

Вкусна пита која можете да ја направите за доручек или вечера.

СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО:

550 гр брашно

200 мл топло млеко

200 мл топла вода

10 гр сув квасец

60 мл масло

1 лажичка шеќер

1 лажица сол

СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:

300 гр мелено месо

1 голем праз

сув зачин

сол

бибер

масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Активирајте го квасецот, потоа додајте ги сите состојки за тесто и замесете глатко тесто. Оставете да нарасне.

Состојките за фил пропржете ги. Тестото развлечете го во круг, потоа ставете фил секаде. Затворете од сите страни, свртете и развлечете круг со сукало.Со врвот на сукалото направете дупчиња.

Премачкајте со разматена жолчка и павлака. Печете на 200 степени 30-35 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Коментари

Популарно