Мисиркини ќофтиња со блитва во бешамел сос

Овој ручек не е тешко да го подготвите, а вкусот гарантирано ќе го обожавате!

СОСТОЈКИ:

2 главици кромид

400 гр мисиркино мелено месо

1 лажичка мелена пиперка

сол

бибер

2 чешниња лук

2 лажици презла

1 јајце

СОСТОЈКИ ЗА БЕШАМЕЛ СО БЛИТВА:

500 гр блитва

30 гр путер

3 лажички брашно

400 мл млеко

2 чешниња лук

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Издинстајте кромид околу 10 минути. Измешајте во сад месо, пиперка, кромид, лук, сол, бибер, презла и јајце и добро измешајте.

Направете бешамел сос со блитва – во путер или маст додајте две лажици брашно и млеко. Блитвата обварете ја 10 минути, исечкајте и додајте ја во бешамел сосот. Посолете и додајте лук на крај.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“:

Готви.мк

Коментари

Популарно