Каде треба да пријавите правење ајвар?

На социјалните мрежи секојдневно сме сведоци на разни комични огласи и прашања од корисниците, но ова е нешто посебно.

Жена прашува:

“Здраво, сакам да прашам дали постои број каде се пријавува правење зимница во двор? Или полиција се вика. Знам лани искочи некој закон дека не смее. Фала”.

А на ова прашање доби урбенесен одговор:

“Прво пополнуваш формулар во месната заедница и вадеш сертификат за пиперо и фискална од каде ти е купен…после правете корона тест на сите што ќе лупат а на тај шо ќе брка крв, мокрача и бриз од грлото сите документи ги заверуваш кај нотар…Ако го праете пред зграда треба ви и сертификат атест за издувните гасови од ќумбето тоа се ваде у шумското стопанство или у авто мото сојуз на Македонија…Е сега со новио хасап систем не знам дали бркачо може да биде дрвен…Ако ептен не ти се трчка по шалтери има агенција средува ти ги сите документи ама плаќаш малку повеќе….П.С. и у двата случаја ти си лепеш таксена марка”.

Секоја чест за макотрпниот одговор!

Коментари

Популарно