Осум лица починаа од коронавирус, потврдени се 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 тестови, соопшти Министерството за здравство.

Најголем број случаи се потврдени во Скопје-27, Струмица- 15, Прилеп и Тетово по 13 и во Куманово-11.

Во Дебар-3, Штип-5, Велес-4, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Крива Паланка-1, Радовиш-8, Крушево-2, Кочани-13, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-3, Кичево-2, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-33, Штип-2, Прилеп-7, Тетово-2, Струга-1, Битола-4, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-4, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-5, Свети Николе-2, Кичево-3.

Починати се 8 лица, еден пациент од Куманово (48г), еден од Штип (65г), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83г), еден од Тетово (69г), еден од Струмица (39г), еден од Виница (63г) и еден пациент од Кичево (56г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.417, бројката на оздравени пациенти е 13.732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.002.

Коментари

Популарно