Поранешниот фудбалер на Партизан, Бразилецот Леонардо да Силва Соуза, се обидел да изврши самоубиство.
Леонардо, инаку миленик на навивачите на Партизан, објави на социјалните мрежи, наведувајќи дека се обидел да се самоубие поради депресијата со која се борел подолго време, пренесуваат белградските медиуми.
Тој се откажал, како што тврди, затоа што „му се обратил Господ“.
Леонардо исто така му се заблагодари на претседателот на клубот Шабаб Ал-Ахли, шеикот Хамдан бин Мухамед бин Рашид ал Мактум, за укажаната помош.
„Одлучив да ја споделам својата болка со вас! Помина скоро цела година на жртвувње. Ја носев мојата болка. Поминав неколку месеци во тортура и фрустрација. Знаев колку е сериозно, се обидоа да помогнат, ништо не се случи. Сè што поминав беше во обид да им помогнам на оние што најмногу ги сакам. Не сакам да навлегувам во детали, но бев близу да се откажам од сè. Тогаш Бог зборуваше со мене! Ми рече дека не е време да застанам, дека вистинските шампиони секогаш завршуваат на врвот. Претседателот на клубот многу ми помогна. Му благодарам за се. Денес започнува нова приказна “, напиша поранешниот фудбалер на Партизан на Инстаграм, со фотографија од болничкиот кревет.