Расте бројот на заразени и на починати од Ковид-19. Изминатата недела според податоците од Институтот за јавно здравје биле регистрирани за 35 проценти повеќе лица позитивни на вирусот во споредба со претходно анализирана недела. Речиси двојно е зголемен и бројот на починати и во перидот од 14-ти до 20-ти септември дури 48 лица починале како последица на Ковид-19 за разлика од 27 кои биле евидентирани во периодот од 7ми до 13 септември. Само во последните три дена починале 17 лица од кои најмладиот има само 23 години.
 - Copy 105.jpg)
Според податоците од здравствените власти, 47 или 6,7 проценти од починатите, не стигнале да побараат лекарска помош и починале во домашни услови.
Министерството за здравство веќе ги задолжи директорите на болниците и клиниките каде третираат лица со Ковид-19, да направат анализа на што се должи зголемената смртност и како ги лекувале овие пациенти.