Џулија Марен од Тенеси заминала во теретана во опрема во која мислела дека нема ништо посебно. Таа почнала да вежба, а потоа дошол еден од вработените во теретаната.
„Денес во теретана ми кажаа да облечам маичка или да заминам. Ми дојдоа додека вежбав, ми кажаа да ги симнам слушаките и ми кажаа дека може да ми дадат маичка ако немам своја. Морав да ја облечам ако сакам да продолжам со тренингот. Молам? Поради малку повеќе што ми се гледа од интимните делови не сум добредојдена во теретана, но затоа мажите може да вежбаат без маичка или во тенки маички низ кои им се гледаат брадавиците?!“, напиша девојката.