Истражување од Универзитетот во Јужна Калифорнија успеа да утврди дека симптомите на Ковид-19 често започнуваат по одреден редослед.
Ова откритие може да им помогне на заразените со вирусот корона да се изолираат и да започнат со третман на време, што може значително да помогне во лекувањето.
Редоследот на симптомите кај Ковид-19 е ваков, прво се јавува температура, следи кашлица и болки во мускулите, па гадење и повраќање и на крај треска.
– Ова е особено важно, да се знае кога се преклопуваат циклусите на болести како грип, што се случува истовремено со епидемијата Ковид-19 – рече д-р Питер Кун, еден од авторите на студијата и професор по медицина.
Ваквото откритие е важно бидејќи лекарите јасно ќе можат да утврдат дали пациентот има Ковид или друга болест и врз основа на тоа да донесат подобри одлуки за третман.