Кардашијан покажала нешто од кое фановите се згрозени: „Изгледаш ефтино!“

Последната објава на Ким Кардашијан на Инстаграм потврди дека страшниот тренд од почетокот на милениумот се враќа на голема врата.

Имено, старлетата објави фотографија на која позира во тесен црн фустан со отворен грб, а во преден план ги ставила црвените танги што ѕиркаат од под фустанот.

Ким позираше во новата колекција на модниот бренд Givenchy, но обожавателите најмногу коментирале дека ги покажува тангите.

„Те молам, не ги враќај тангите во мода“, „Жено, ти се гледаат тангите“, „Ах не, сега ова ќе биде нов тренд“, „Да, Ким, гледаме танга, во ред е“, „Тебе те сакам, но тие танга направија да изгледаш ефтино“, се само дел од коментарите.

Трендот за прикажување долна облека повторно го започнаа Дуа Липа и Бела Хадид, а Ким потврди дека овој омразен тренд се врати и дека танги ќе гледаме насекаде.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🧸2 cute 2 function 🧸

A post shared by DUA LIPA (@dualipa) on

Коментари

Популарно